Top Sport

Пике се враќа „дома“ на „Олд Трафорд“: Дојдов како момче, заминав како маж

Иако целиот фокус на медиумите и на фановите ќе биде насочен кон Лионел Меси кога Барселона ќе го посети Манчестер јунајтед за пресметка во четврт-финалето на Лигата на шампионите, тоа ќе биде прво „враќање“ на Жерард Пике на „Олд Трафорд“ по неговото заминување во 2008 година.

Сер Алекс Фергусон го донесе Пике кај „ѓаволите“ во 2004 година како 16-годишен тинејџер, и тој научи значајни лекции во северот на Англија, пред да се врати во Каталонија четири години подоцна. Тој не успеа да избори редовно стартно место со Рио Фердинанд и Немања Матиќч во одбраната, пред да ја загуби довербата кај Фергусон на гостувањето кај Болтон, кога дозволи лесен гол на Никола Анелка.

„Пристигнав во Манчестер јунајтед како момче, а си заминав како маж. Влегов во канцеларијата на Фергусон и бев искрен со него. Му кажав дека забележав дека ја загубив довербата, а Барселона е мојот дом. Сакам да се вратм и се надевам дека ќе ме пуштиш. И тој ме пушти“, изјави неодамна Пике.

Тој се врати во Барселона за само 5 милиони евра како резерва со мали очекувања, но до крајот на првата сезона под Пеп Гвардиола, стана клучен човек на тимот кој ја освои тројната титула од 2008/09. По ова следуваа седум титули од Ла лига, три од Лигата на шампионите, како и освојувањето на СП во Шпанија.

„Се враќам во својот втор дом“, напиша Пике на Твитер по ждрепката во ЛШ во март кога Барселона го доби Јунајтед.

Пике не дозволи Јунајтед да даде гол во финалето на ЛШ при 2:0 победата во Рим во 2009 година и се надева дека ќе го повтори истиот „трик“.

Scroll to Top