Барселона ова лето ќе остане без еден од своите клучни играчи. Шпанските медиуми тврдат дека Џерар Пике бил подготвен да го напушти „Ноу Камп“.
Медиумите шпекулираат дека Пике одлуката дека сака да замине веќе им ја соопштил на клупските челници и на капитенот Лионел Меси.
33 годишниот фудбалер има договор со Барселона до 2022 година, а негова следна дестинација треба да биде МЛС лигата.
„Дон Балон“ објави дека сопругата на Пике, поп-ѕвездата Шакира, се согласила семејството да се пресели во Мајами, а Пике да го облече дресот на Интер Мајами чии сопственик е Дејвид Бекам.
Пике е само еден од многуте играчи што сака Бекам да ги донесе во својот тим. Како потенцијални засилувања за Интер Мајами се споменуваат Давид Силва, Серхио Бускетс и Единсон Кавани.