Легендарниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, најави дека заминува во пензија. Тој во емотивно видео истакна дека претстојниот меч ќе му биде последен на „Камп Ноу“. И потенцираше дека еден ден сигурно ќе се врати во Барселона.
„Навивачи, овде Жерар. Последните неколку недели и месеци многу се говореше за мене. Јас досега не кажав ништо, но сега јас ќе бидам тој кој говори…
Да се биде првотимец на Барселона и да се освојат сите можни трофеи, да се биде првак на Европа и светот. Да играш заедно со најдобрите играчи на сите времиња и да бидеш нивни капитен и пријател засекогаш. Поминаа 25 година откако пристигнав во Барселона. Фудбалот ми даде се, Барселона ми даде се. Вие навивачите ми дадовте се. И сега кога детскиот сон ми е остварен, сакам да ви кажам дека е време за крај.
Саботниот натпревар ќе ми биде последен на „Камп Ноу“. Ќе бидам само обичен навивач, но секогаш ќе ја бодрам Барселона. А ме знаете. Еден ден, порано или подоцна ќе се вратам. Се гледаме на „Камп Ноу“. Да живее Барселона“, вели Пике во обраќањето до фановите.
Culers, us he de dir una cosa. pic.twitter.com/k3V919pm1T
— Gerard Piqué (@3gerardpique) November 3, 2022