Top Sport

Нови договори од Реал за Асенсио, Модриќ и за Крос

Европскиот првак Реал Мадрид како најдобар тим во групата Ф се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во шпанското првенство го држи првото место по 12 одиграни кола. Голема заслуга за ваквите резултати на шпанскиот гигант има и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ.

Тоа го препознаваат навивачите, но и раководните луѓе од клубот. Флорентино Перез и соработниците се подготвени и покрај доцните играчки години на Лука Модриќ, да му понудат нов договор за уште една. Овој актуелниот е со важност до крајот на сезоната.

„Кадена Сер“ наведува и дека Реал Мадрид е подготвен да го продолжи договорот со Марко Асенсио. Тој за малку ќе го напуштеше „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок, но ситуацијата се промени и Реал ќе му понуди нов тригодишен договор. Исто така, планот е да се задржи и Тони Крос за уште една сезона.

Scroll to Top