Top Sport

Ивановиќ: Ако влезе Дубаи тогаш нема да ја викаме Евролигата

Тренерот на Басконија, Душко Ивановиќ во интервју за „Ел Корео“ го коментираше потенцијалното учество на Дубаи во Евролигата.

Во тек се состаноци, преговори и договори, како со Евролигата, така и со АБА лигата, за влезот на Дубаи во овие две натпреварувања.

Извесно е дека Дубаи од наредната сезона ќе се натпреварува во АБА лигата и во Еврокупот, што ќ му биде подготовка за влез во Евролигита.

Ивановиќ има јасен став за Дубаи.

„Има позитивни и негативни страни. Се чини дека се оди кон тоа дека ќе играат. Ќе биде добро ако донесе квалитет во натпреварувањето. Но, тогаш веќе нема да се викаме Евролига. Мора да најдеме друго име за натпреварувањето“, рече Ивановиќ.

Scroll to Top