Српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси смета дека неговата репрезентација треба да го игра најубавиот фудбал во Европа и смета дека не е изненадување што тие успеаја да ја совладаат Португалија на гости за пласман на Мундијалот.
Во интервју за „Новости“, тој вели дека успехот е резултат на заедничка работа и дека мора да се имаат поголеми амбиции.
„Победата над Португалија беше шлаг на тортата, последен меч во циклусот, и сосема заслужено бевме први. Тоа е резултат на залагањето на фудбалерите, но и на Фудбалскиот сојуз, така што е колективен успех. Најважно е што ја израдувавме нацијата, а мислам дека луѓето се задоволни не само поради резултатот, туку и според покажаното на теренот. Мислам дека техниката е нешто најубаво во фудбалот и кога некој ќе купи билет да гледа фудбал, сака да види убави потези и добра игра, шутеви и голови. Сакам да играме таков фудбал, дури и да загубиме да добиеме аплауз. Да го играме најубавиот фудбал во Европа, а нема да загубиме“, вели Пикси.