Кина во изминатите неколку години е ветената земја за фудбалерите и фудбалските тренери. Кинезите не штедат на пари кога треба да привлечат име кое нешто значи во фудбалскиот свет, независно дали станува збор за тренер или фудбалер.
Оваа теза најдобро ја потврдува листата на најплатените тренери во кинеската Суперлига. Листата покажува дека некои тренери во Кина заработуваат многу повеќе од тренерите кои ги предводат врвните европски тимови.
Годишно, најмногу во кина од тренерите во Суперлигата заработува Фабио Канаваро. Иако е на почетокот на својата кариера, Канаваро годишно од Гвангжу Евергранде добива 12 милиони евра.
Во светот на фудбалот, на годишно ниво, повеќе од Италијанецот заработуваат само селекторот на Кина, Марчело Липи (20 милиони евра), менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола (17,3 милиони евра) и стратегот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо (16,9 милиони евра).
На второто место во Кина се Мануел Пелегрини тренерот на Хебеи Чајна Фортјун и Фабио Капело кој седи на клупата на Џангсун Сунинг. Овие двајца годишно инкасираат по 10 милиони евра, колку што е платата на Арсен Венгер во Арсенал.
На чевртото место во Кина, а на осмото во светот е Србинот Драган Стојковиќ-Пикси. Неговите тренерски услуги Гвангжу РФ ги плаќа осум милиони евра, а истата сума ја заработува и поранешниот тренер на Севилја и Атлетико Мадрид Грегорио Манзано во Џисху Хенгфенг.
Пикси и Манзано имаат поголема годишна плата од Кирген Клоп, Антонио Конте, Диего Симеоне, Зинедин Зидан…
Fabio Cannavaro one of the highest paid managers in the World this season.
Achievements to date:
1. Won the Chinese 2nd division with Tianjin Quanjian
2. Won Coach of the year last yearManagers earning less: Wenger, Zidane, Klopp, Conte, Poch, Emery, Simeone, Allegri….. pic.twitter.com/6aiHRRaKWh
— BookieInsiders (@BookieInsidrs) February 28, 2018