Милан испадна од Купот на Италија откако загуби со 0:1 на „Сан Сиро“ од тимот на Торино. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мишел Ндари Адопо во 114. минута.
„Росонерите“ упатија дури 14 удари, од кои осум во рамките на голот, но не ја затресоа противничката мрежа иако имаа и играч повеќе на теренот од 70.минута.
Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот се обиде да остане мирен и да даде логично објаснување за поразот.
„Одигравме агресивно и одлучно против тежок противник. Сепак, не го покажавме потребниот квалитет и острина за да ја искористиме нашата супериорност. Брзавме обидувајќи се да постигнеме гол и заборавивме на одбраната. Тоа е големо разочарување бидејќи сакавме да продолжиме напред во Купот“, изјави Пиоли.