Top Sport

Рубијалес не смее да се доближи на 200 метри до Ермосо!

Шпанскиот врховен суд во петокот му издаде забрана за приближување на 200 метри од фудбалерката Џени Ермосо на поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес, откако тој се појави на суд поради истрагата за сексуален напад.

Рубијалес предизвика скандал кога ја бакна фудбалерката на победничкиот подиум по финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, каде што Шпанките по првпат ја освоија титулата. Тој потоа беше приморан да си даде оставка, а обвинителството почна да врши истрага за неговото однесување на финалето на 20 август во Сиднеј.

Судијата го одби барањето Рубијалес да се пријавува во судот секои две недели за да се осигура да не избега од земјата.

Scroll to Top