Top Sport

Пиоли: Има многу работи што не функционираат во Милан во моментов

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, призна дека многу малку работи функционирале како што треба во неговиот тим во поразот од Лацио со 4:0 во натпреварот од 19. коло на италијанската Серија А. „Росонерите“ веќе беа во криза пред овој меч, но катастрофалниот пораз на „Олимпико“ само ја потврди нивната моментална состојба.

„Очигледно не играме најдобро што можеме. Има многу работи што не функционираат во моментов. Нашиот менталитет, нашето однесување…Дозволивме ситуации кои секако требаше да ги одиграме поинаку“, изјави тренерот на Милан за „ДАЗН“.

Милан сега има дури 12 бода негатива во однос на лидерот Наполи на врвот на табелата во италијанскиот шампионат.

Scroll to Top