Стефано Пиоли вели дека неговите Милан се поготвени за почетокот на одбраната на италијанската титула, но вели дека оваа подготвеност треба да се покаже на теренот. Милан утре го пречекува Удинезе на „Сан Сиро“, каде што секако, уште трае славеничката атмосфера.
„Ова е силен Милан, но на теренот ќе се види дали сме подобри или полоши од минатата сезона. Јас го забележав истиот дух како минатата сезона, така што останувам позитивен“, вели Пиоли.
Пиоли го има достапен речиси цел тим освен повредениот Златан Ибрахимовиќ, како Сандро Тонали, чија рехибилитација уште трае.
„Ако игра Брахим Дијаз, тогаш тоа ќе биде бидејќи сметам е подобар од другите за овој меч. Шарл де Кетеларе немаше доволно подготовки пред новата сезона, така што најверојатно ќе биде на клупата. Засилувањата во нападот, Дивок Ориги, Де Кетеларе и Всин Адли веќе ми даваат оптимизам и имаат интересни карактеристики со кои го надополнивме тимот“, вели Пиоли.