Top Sport

Пиоли: Жалам што не постигнавме втор гол

Милан го победи Наполи со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, е задоволен од триумфот, но жали што Милан не постигнал уште еден гол за поголема предност пред реваншот во Неапол.

„Противникот почна подобро, а ние правевме многу грешки во додавањата. Тие беа агресивни, но потоа работите се променија. Моравме да бидеме многу побрзи кога Наполи остана со фудбалер помалку и жалам што не постигнавме втор гол. Но, има уште еден натпревар, а шансите за пласман понатаму се 50-50. Ќе биде тешко во Неапол, но целта е голема, полуфинале во Лигата на шампионите“, изјави Стефано Пиоли, тренерот на Милан.

Реваншот меѓу Наполи и Милан е закажан за 18 април на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Scroll to Top