Top Sport

Анчелоти го надмина Алекс Фергусон по бројот на учества во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, постави апсолутен рекорд за најмногу учества во Лигата на шампионите како играч и тренер. Италијанецот има 215 натпревари во Лигата на шампионите, од кои 21 како играч и 194 како тренер.

Со ова го надмина Алекс Фергусон, кој во кариерата забележа 214 натпревари во ЛШ.

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, кој има 210 натпревари – 49 како фудбалер и 161 како тренер, моментно е на третото место на рангирањето.

Анчелоти постави и клупски рекорд со триумфот од 2:0 против Челси. Тој стана тренер на „кралевите“ со најмногу победи во ЛШ, вкупно 35.

Scroll to Top