Top Sport

Пипо Инзаги: Проблемите во Милан не се ништо ново

Поранешниот напаѓач на „росонерите“, Филипо Инзаги вели дека има целосна доверба во директорите на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан и нивната желба клубот да се врати на вистински патеки, но признава дека ситуацијата не е нова и дека може да се среди само со носење на двајца-тројца квалитетни фудбалери секоја година.

„Да, лошо е, но за жал тоа не е ништо ново. Го знам Паоло и Звонимир и знам што можат да направат и да го извадат клубот од оваа ситуација. Потребно е ресетирање, носење на двајца-тројца вистински фудбалери секоја година и најмногу од сè, трпеливост“, вели Инзаги во интервју за „Кориере дела сера“.

Популарниот Пипо исто така смета дека доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ е вистински потег и покрај тоа што Швеѓанецот има 38 години.

„Тој им беше потребен. Играв со него и го почитував. Мислам дека не му се потребни пари или слава и знам дека пристигна бидејќи верува дека може да направи нешто“, додава Инзаги, кој во моментов е тренер на Беневенто во Серија Б.

Scroll to Top