Top Sport

Хамилтон до Кијану Ривс: Јави ми се, човеку, подготвен сум (видео)

Шесткратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон очигледно планира да ги прошири своите активности надвор од патеките со настап во својот прв акциски филм.

Британецот во претходните години промовираше модна колекција со Томи Хилфигер, снимаше музика и водеше кампања за екологија, а следниот чекор е Холивуд, откако Хамилтон на Инстаграм се пофали со видео во кое стрелаше со пиштол на истото стрелиште каде што Кијану Ривс се подготвувал за филмовите „Џон Вик“.

„Секогаш сум сонувал да бидам во акциски филм. Тука Кијану се подготвуваше за филмовите со Џон Вик и дојдов тука како дел од подготовките за мојот прв филм. Ова е само почеток, поминав неколку забавни часа во заштитена атмосфера. Кијану, повикај ме, подготвен сум“, напиша Хамилтон.

Тој не откри даливеќе има договор за снимање на филм, но такви активности ќе мораат да почекаат бидејќи за две недели почнува зимското тестирање пред новата Ф1 сезона.

Scroll to Top