Андреа Пирло, Џенаро Гатузо, Масимо Одо и Масимо Амброзини ја искористија посетата на Ливерпул за да ја повторат легендарната фотографија на Битлси.
Четирите поранешни ѕвезди на Милан беа во Ливерпул за саботниот меч на легендите на Ливерпул и Милан, кој Ливерпул го доби со 3:2.
Иако оригиналниот омот за албумот „Еби роуд“ е фотографиран во Лондон, Ливерпул е домот на четирите члена на Битлси. Овојпат Пирло беше Џон Ленон, со рацете во џеб, Гатузо беше Ринго Стар, Амброзини одеше назад како Џорџ Херисон, додека Одо го „имитираше“ Пол Мекартни.
View this post on Instagram
“It’s been a hard day’s night…” ??? @thebeatles came back #liverpool #beatles