Новиот тренер на Сампдорија, легендарниот поранешен италијански фудбалер Андреа Пирло не е зачуден од финансиската сила на Саудиска Арабија на пазарот на играчи оваа сезона, предупредувајќи дека во иднина можеби токму арапската лига ќе биде најсилна на светот.
44-годишниот Пирло си замина од турскиот Фатих Караѓумрук по една сезона за да ја преземе позицијата во Сампдорија, славниот италијански клуб кој минатата сезона испадна од Серија А.
„Се отвори нов пазар на играчи, како пред неколку години во Кина. Знаете, фудбалскиот живот е таков, ако постои можност и шанса, некој ќе се реши да ја искористи. Тука е италијанската лига, англиската лига, и ќе имаме и арапска лига. Можеби едедн ден ќе биде најдобра на светот“, вели Пирло за „Ла газета дело спорт“.
Тој исто така даде оценка за свои два поранешни клуба, Милан и Јувентус.
„За да пристигне нов Јувентус ќе биде потребно време. Во Милан, Стефано Пиоли ќе има голема одговорност по потресите и мислам дека ќе им недостасува Паоло Малдини. Не само бидејќи беше посебен човек за фубалерите, туку бидејќи Малдини секогаш е Малдини“, додаваа Пирло.