Марчело Липи селекторот кој на Италија и ја донесе светската круна во 2006 година смета дека Андреа Пирло може да има успешна тренерска кариера.
Според Липи, Пирло може да има кариера каква што изгради Зинедин Зидан во реал Мадрид.
„Пирло, исто како Зидан, по завршувањето на кариерата зеде пауза од три години за да размисли добро што сака понатаму да работи. Пирло во кариерата играше во големи клубови (Интер, Милан, Јувентус) и добр му е позната атмосферата и притискот под кој се наоѓа тренерот“, рекол Липи.
„Тоа што генерациски е блиску до Буфон, Роналдо и Кјелини може да биде само плус за него. Полесно ќе комуницира. Во слична ситуација беше и Зидан кога го презеде реал Мадрид. Реал како тренер на реал не воведе никакви промени во тренинзите или тактиката, неговата појава делуваше смирувачки врз фудбалерите, а тој потоа им ги додели најдобрите улоги. На крајот освои сѐ што може да се освои“, заклучил Липи.