Top Sport

Пирло пред отказ во Караѓумрук

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло својата тренерска кариера ја продолжи во Турција. Откако беше тренер на Јувентус, италијанскиот „Моцарт“ направи едногодишна пауза, па реши да се испроба во турската Суперлига ова лето.

Го презеде тимот на Фатих Караѓумрук, но засега без добри резултати. Клубот по седум одиграни кола се наоѓа на 14. позиција со само шест освоени бода.

Тимот на Пирло е на два бода од зоната за испаѓање, а во последните четири кола забележа пораз и три нерешени средби.

Пирло има договор до крајот на сезоната, постои опција за продолжување, но моментните резултати би можеле да ги натераат челниците на турскиот суперлигаш да бараат друго име за кормилото на својот тим.

Scroll to Top