Андреа Пирло се враќа во Јувентус како тренер на нивниот тим до 23 години (У-23), кој настапува во третата италијанска лига, Серија Ц, тврди „Скај спорт Италија“.
Според нивните извори, Пирло добил понуда да го замени Фабио Пекија уште пред неколку месеци, но побарал време да размисли за својата иднина.
Џанлука ди Марцио, експертот за трансфери во Италија, тврди дека Пирло ја прифатил понудата и ќе го добие поранешниот соиграч Роберто Баронио како помошник.
Јувентус У-23 минатата недела стигнаа до првиот трофеј, Копа Италија Серија Ц трофејот. Ова би било прво менаџерско искуство на легендарниот Пирло.