Top Sport

Монтела и официјално именуван за нов турски селектор

Италијанецот Винченцо Монтела и официјално е поставен за нов селектор на турската репрезентација, потврдија од Турската фубалска федерација (ТФФ) по разделбата со германскиот тренер Штефаан Кунц.

Кунц доби отказ по засрамувачкиот 4:2 пораз од Јапонија во пријателски меч.

49-годишниот Монтела има искуство со работа во Турција, работејќи две години како тренер на Адана Демирспор до јуни оваа година. Поранешниот фудбалер на Рома, исто така беше тренер и на Милан и Фиорентина во Италија и на Севилја во Шпанија. Тој ќе потпише тригодишен договор и ќе биде презентиран во Истанбул на 27 септември.

Прв меч на Монтела ќе биде тешкиот меч со Хрватска во квалификациите за Европското првенство.

Scroll to Top