Top Sport

Пјаниќ тренира со „поддршка“ на Шабан Шаулиќ и Индира Радиќ (видео)

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ беше на насловните страници во текот на викендот по шпекулациите дека е дел од зделката која ќе го прати од Јувентус во Барселона, но тој засега не открива каде е неговата иднина, туку се фокусира на напорната работа, со помош на народна музика.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, Пјаниќ праќа порака: „Ако нешто сакаш тогаш работи на тоа“, а во позадина се слушаат песни на Индира Радиќ и Шабан Шаулиќ. Прикладна мотивација.

Scroll to Top