Top Sport

Пјатек признава дека сонува за Барселона

Најдобриот стрелец во Серија А оваа сезона, полската сензација Кшиштоф Пјатек признава дека сонува еден ден да игра на „Ноу Камп“ во дресот на Барселона, иако повеќето му советуваат да остане во Џенова каде што може да се развива како фудбалер.

23-годишниот Пјатек постигна 13 гола во девет натпревари оваа сезона за Грифоне, од кои 9 во осум настапи во Серија А, и веќе го предизвика вниманието на повеќе клубови, како Лестер сити кои би сакале да го ангажираат уште во јануари, а заинтересирани се и Барселона, кои најверојатно ќе го загубат позајмениот Пако Алкасер од Борусија Дортмунд.

Пјатек ова лето дојде во Џенова од полската Краковија, а претседателот на Грифоне, Енрико Прециозо потврди дека има интерес од поголеми тимови.

„Добиваме многу телефонски повици за него, и сигурен сум дека поголем клуб ќе дојде и ќе го земе. Јас ќе ја одредам цената, но италијанските и европските тимови се заинтересирани и нема шанса да ги сопреме“, изјави Прециози за „Газета дело спорт“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top