Top Sport

Мурињо: Зидан во Реал, тоа е за мене совршено!

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо за шпанска „Марка“ изјави дека враќањето на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е совршен спој.

„Мислам дека тоа е совршено со сите тие работи кои Зидан ги направи претходните години“ – вели Мурињо.

Португалецот кој од 2010 до 2013 ги тренираше Кралевите беше еден од кандидатите за клупата на мадридскиот клуб како замена за Сантијаго Солари кој доби отказ по елиминацијата на Реал од холандски Ајакс во осминафиналето на ЛШ.

Екс-претседателот на Реал, Рамон Калдерон рече дека Мурињо беше прва опција на претседателот Флорентино Перез, но се чини дека на крајот сепак Зидан да се врати на тренерската клупа пред се поради притисок од соблекувалната.

Најгласен да се врати Зидан, а не Мурињо бил капитенот Серхио Рамос.

„Тоа е за мене совршено, совршено за Реал, совршено за Зидан. Ова е велика шанса да покаже колку е добар, посебно сега со новиот проект. Мислам дека тоа е сјајно“ – вели Мурињо.

Зидан за 28 месеци минати на клупата на Реал Мадрид освои 3 трофеи во Лигата на шампиони, и тоа во низа, титула во Примера, шпански Супер куп, два УЕФА Суперкупа и две Светски клупски првенства.

Scroll to Top