Кшиштоф Пјонтек се покажува како вистинска „премија“ за тимот на Милан, откако повторно беше стрелец на првиот гол за „росонерите“ при лесната 3:0 победа над Емполи во првиот меч од 25. коло во Серија А.
Пјонтек стрелаше во 49. минута од мечот за да го „скрши отпорот“ на гостите кои се борат за опстанок во елитата, по што Кеси и Кастилехо постигнаа голови за „препородениот“ тим на Џенаро Гатузо.
Со третата победа во низа, Милан останува на четвртото место во Серија А со 45 поени, само поен зад градскиот ривал Интер (кој во недела гостува на Фиорентина) и четири пред Рома (кои утре гостуваат на Фрозиноне). Емполи се 17. со 21 поен, три поени од зоната за испаѓање.
Фото: ЕПА