Кшиштоф Пјонтек вели дека неговиот живот се „трансформирал“ во Серија А со настапите во Џенова и Милан и додава дека следниот пат кога ќе менува тим ќе вреди 70 милиони евра.
24-годишниот Пјонтек имаше фантастични 18 месеци – откако минатото лето дојде во Џенова за 4.5 милиони евра, за во јануари Милан да плати 35 милиони евра за него.
„Кога дојдов во Милан, работите се случуваа многу бргу и во ниту еден момент не се прашував што ми се случува. Сега вредам 38 милиони евра, но следниот пат кога ќе менувам клуб би сакал да вредам 70 милиони евра. Морам да бидам амбициозен. Мислам дека уште сум на стартот на кариерата. Бев шокиран од пречекот во Милан, и можете да забележите по социјалните мрежи – кога заминав од Полска имав 5.000 следбеници, а сега имам 1.5 милиони“, вели Пјонтек.
Сепак, тој не беше поштеден и од критики откако во последно време не постигнува многу голови.
„Се подобрувам и набргу повторно ќе пукам со тие пиштоли. Италијанските новинари те третираат како Папа еден ден и како нешто најлошо на светот следниот ден. Го прифаќа тоа“, додава Полјакот.