Top Sport

ТВ-коментаторот се обрука со Јокиќ: Ова е прекрасна српска курва! (видео)

Никола Јокиќ продолжува со одличните партии за Денвер нагетс, предводејќи ги до 131:114 победа над Мемфис гризлис во меч во кој најмногу внимание предизвика бизарниот коментар на Крис Марлоу, поранешниот олимписки шампион во одбојка.

Следејќи го мечот на Нагетси и Гризлиси, по елегантниот влез на Јокиќ и постигнатите поени од хорог-шут (кој инаку на англиски е „hook“), тој очигледно воодушевен прокоментира : “A splendid Serbian hooker!” -или во директен превод: „Прекрасна српска курва“.

Секако, ова не беше намерно, туку малку несреќен избор на зборови.

Scroll to Top