Top Sport

Планот на Артета – пари и Мхитаријан за Клајверт

Напаѓачот на Рома Џастин Клајверт во летниот преоден рок би можел да се пресели во Арсенал. Според „Калчомеркато“ Рома за синот на легендарниот Холанѓанец Патрик Клајверт бара 40 милиони евра.

Тренерот на Арсенал Микел Артета имал план како да го реализира трансферот на 21 годишниот крилен напаѓач. Тој бил подготвен за да плати 22 милиони евра и да го вклучи во трансферот Хенрик Мхитаријан.

Ерменецот минатата недела изјави дека посакува да остане во Рома, односно дека не сака да се врати во Арсенал.

Според италијанските медиуми Клајверт во Арсенал би заработувал дупло поголема плата. „Топџиите“ биле подготвени да му понудата годишна плата од 3,5 милиони евра.

Холанѓанецот во Рома се пресели во 2018 година од Ајкас. Римјаните за неговиот трансфер издвоија 18,7 милиони евра.

Scroll to Top