Top Sport

Кјелце остана без главниот спонзор – Карачиќ би можел да се врати во Вардар?

Главниот спонзор компанијата ВИВЕ го напушти полскиот ракометен шампион Кјелце. Веста на прес конференција ја потврдил претседателот на клубот Бертус Сервус.

Првиот човек на Кјелце информирал дека компанијата ВИВЕ сериозно ги почуствувала финансиките последици што ги предизвика пандемијата на коронавирусот.

„Кризата што ја предизвика коронавирусот сериозно ја погоди компанијата ВИВЕ, многу од продавниците се затворени. Јас како одговорен менаџер морам да се грижам за моите вработени“, рекол Сервус и потврдил дека и понатаму ќе остане на функцијата во клубот.

По одлуката да се повелече од Кјелце јасно е дека неколку играчи ќе го напуштат клубот. Еден од нив би можел да биде и Игор Карачиќ кој минатот лето се пресели во Полска.

Хрватскиот репрезентативец се поврзува со враќање во Вардар. Новиот сопственик Михајло Михајловски не крие дека би сакал да го ангажира Карачиќ доколку постои можност бидејќи се уште е под договор со Кјелце.

Scroll to Top