Top Sport

УЕФА потврди – ЛШ во Лисабон, ЛЕ во Франкфурт

УЕФА на седницата на Извршниот одбор го потврди новиот формат според кој ќе се игра завршницата во Лигата на шампионите и Лига Европа. Завршницата во Лигата на шампионите ќе се одигра на стадионите „ла Луж“ и „Жозе Алваладе“ во Лисабон, додека завршниот турнир во Лига Европа ќе се одигра во Франкфурт.

Лигата на шампионите ќе продолжи на 8 август со осмина-финалните реванши. Учесниците на завршниот турнир ќе бидат комплетирани по одигрувањето на натпреварите Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1), Баерн Минхен-Челси (3:0), Јувентус-Лион (0:1) и Барселона-Наполи (1:1).

Четврт-финалните мечеви во Лисабон ќе се одиграат на 12, 13, 14 и 15 август, полу-финалните мечеви се закажани за 18 и 19 август, а финалето на „Ла Луж“ ќе се одигра на 23 август.

Лига Европа ќе продолжи на 5 и 6 август кога треба да се одиграат осмина-финалните реванши, а завршниот турнир во Франкфурт ќе започне на 15 август. Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 21 август на стадионот во Келн.

УЕФА потврди дека на стадионот на Атлетик Билабо „Сан мамес“ ќе биде одиграна завршницата во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Суперкупот на Европа на програмата ќе биде на 24 септември во Будимпешта.

Scroll to Top