Top Sport

ПМФЛ: Пандев го „реши“ шампионот Шкендија, Струга со победнички кам-бек во првата лига

Академија Пандев го продолжи мизерното лето за актуелниот македонски шампион, Шкендија, откако успеа да ги совлада со 1:0 во првото коло од Првата лига, додека новиот прволигаш Струга успеа со кам-бек да стигне до импресивна 2:1 победа над Работнички.

Човек на одлука во Струмица беше Сашко Пандев, откако ветеранот со убав гол од слободен удар во 61. минута донесе три поени на клубот кој го носи името на неговиот пославен брат, и во исто време ја продолжи лошата низа на резултати на Шкендија по европското фијаско.

Во Струга пак, по повеќе од две децении имаше прволигашки фудбал и домаќините не разочараа. Работнички уште во четвртата минута дојде до водство преку Марковиќ, меѓутоа стружани прво израмнија преку Мустафов во 26. минута, пред Нијас Лена да донесе убава победа за домаќините во 60. минута.

Вториот нов повратник во Првата лига, велешки Борец немаше толку среќа и загуби со 2:0 на гостувањето кај Шкупи, додека Ренова со 1:0 беше подобра од Силекс.

ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

Академија Пандев – Шкендија 1:0

Ренова – Силекс 1:0

Шкупи – Борец 2:0

Струга Трим Љум – Работнички 2:1

Фото: ФК Академија Пандев

Scroll to Top