Силекс му го нанесе и вториот пораз во вториот меч од новата сезона на шампионот Шкендија, откако Филип Дурански со фантастичен гол на почетокот на второто полувреме ги постави конечните 1:0.
Со овој пораз се продолжува катастрофалната низа на шампионот Шкендија, која по европските порази загуби и во првото коло од шампионатот од Академија Пандев и сега е единствен тим во лигата кој нема поен и се наоѓа закована на последното место на табелата.
Од друга страна, единствен тим кој е „максимален“ по две кола е Ренова, по тешката 2:1 победа над новиот прволигаш Струга.
Први поени во шампионатот освоија Вардар и новиот прволигаш Борец, откако во Велес одиграа меч без голови, а без погодоци беше и во пресметката меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.
ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
Борец – Вардар 0:0
Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев 0:0
Ренова – Струга Трим Љум 2:1
Силекс – Шкендија 1:0
Табела: 1.Ренова 6, 2.Македонија ЃП 4, 3.Академија Пандев 4, 4.Работнички 3, 5.Струга 3, 6.Шкупи 3, 7.Силекс 3, 8.Вардар 1, 9.Борец 1, 10.Шкендија 0
Фото: ФК Шкендија