Top Sport

Чеди Осман ги предводеше Турците до кам-бек победа над Италија

Турција доминираше во последната четвртина за да стигне до 72:70 победа над Италија во тежок подготвителен меч како дел од Акропол купот во Атина.

Алесандро Џентиле беше одличен за „аѕурите“ со 26 поени, но не успеа да погоди во последните секунди и Турција стигна до победа. Чеди Осман беше лидер на турскиот тим откако ја постигна водечката тројка (70:68) и имаше вкупно 20 поени. Ерсан Иљасова додаде 16, а Фуркан Коркмаз 12.

Италија, без Џиџи Датоме и Данило Галинари, бараше фаул во последните секунди над Џентиле, но судијата остана нем. Италијанците имаа 61:48 поени по три четвртини, но го завршија турнирот во Атина со порази во трите натпревари.

Вечерва турнирот завршува со пресметката на Србија и Грција.

Scroll to Top