Top Sport

ПМФЛ: Трилер меѓу Шкендија и Вардар, „голеада“ на Работнички-Ренова

Актуелниот македонски шампион Шкендија ја започна одбраната на титулата со интересно дерби против Вардар, во кое за малку ќе направеше пресврт со десет играчи, за на крајот да се задоволи со 2:2 реми. Во Скопје пак, на „Филип Втори“, Работнички загуби од Ренова со 3:4 во меч полн со голови.

Вардарци стигнаа до рано водство во Тетово, преку Тигран Барсегјан уште во петтата минута, но Шкендија имаше бргу шанса да израмни во 13. минута кога беше досуден пенал, а Бесарт Ибраими го погоди дирекот на голот на Гачевски.

Второто полувреме домашните го стартуваа мотивирано и во 54. минута Ибраими се „поправи“ и донесе израмнување. Во 64. минута, тетовци останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Алими, меѓутоа тоа не им пречеше во 73. минута преку Бојку да дојдат до водство од 2:1. Горан Попов спаси поен за Вардар со гол од далечина во 85. минута.

Во Скопје, Работнички беше во подредена улога на Ренова, која успеа до крајот да го задржи водството за конечна победа со 4:3. Гостите имаа фуриозен старт и имаа 2:0 водство по 11 минути игра преку Сулејмани и Јусуфи, а до крајот на полувремето, „романтичарите“ намалија на 1:2 преку Петковски.

Во второто полувреме, Ренова повторно врати на два гола разлика, откако Стојановски стрелаше во 48. минута, но Работнички веднаш врати преку ветеранот Стјепановиќ во 55. минута. Стојановски уште еднаш врати предност од два гола во 68. минута, пред возбудливото попладне во топлото Скопје да заврши со автогол на Ристовски во 85. минута.

ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

Шкендија – Вардар 2:2

Работнички – Ренова 3:4

Scroll to Top