Top Sport

ПМФЛ: Вардар е нов лидер по победата над Силекс

Вардар со 3:0 го победи Силекс во седмото коло во Првата лига, за да ја преземе првата позиција откако досегашниот лидер, Академија Пандев одигра само 0:0 со Шкупи во Струмица.

До петтата победа во низа, „црвено-црните“ дојдоа со убедлива игра во текот на целиот меч – Жуниор го отвори резултатот во 22. минута, Аврамовски зголеми на 2:0 во 39. минута, а победата беше осигурана согол од пенал преку Мицевски.

Шкендија пак, исто така ја продолжи победничката серија на три натпревари, откако со 2:0 го совлада тимот на Струга благодарение на головите на Марјан Радески и Бесарт Ибраими.  Двата тима во добра форма се среќаваат в среда во меч од Купот на Македонија.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО

Македонија Ѓорче Петров – Ренова 0:1

Академија Пандев – Шкупи 0:0

Шкендија – Струга Трим Љум 2:0

Вардар – Силекс 3:0

Табела: 1.Вардар 16, 2.Академија Пандев 15, 3.Македонија ЃП 11, 4.Шкендија 10, 5.Ренова 10, 6.Шкупи 9, 7.Струга 8, 8.Работнички 7, 9.Силекс 6, 10.Борец 5

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top