Top Sport

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија, „падна“ и Академија Пандев

ФК Вардар продолжува со одличната низа резултати во Првата лига, откако во осмото коло ја забележа шестата победа во низа, овојпат со 1:0 победа над Академија Пандев за зацврстување на првото место на табелата.

Голот на Даниел Аврамовски од белата точка во 39. минута од мечот беше доволен да се стигне до 1:0 победа над директниот ривал за титулата, Академија Пандев, за „црвено-црните“ да се одвојат на четири поени пред клубот од Струмица.

Од друга страна на табелата, Работнички падна на претпоследното место, откако во Кратово загуби со 1:0 од Силекс, додека Ренова успеа во финишот на мечот да стигне до 2:1 реми над фенерџијата Борец.

ПМФЛ, 8.КОЛО

Ренова – Борец 2:1

Силекс – Работнички 1:0

Струга Трим Љум – Македонија Ѓорче Петров 0:2

Вардар – Академија Пандев 1:0

Табела: 1. Вардар 19, 2.Академија Пандев 15, 3.Македонија ЃП 14, 4.Ренова 13, 5.Шкупи 12,  6.Шкендија 10, 7.Силекс 9, 8.Струга 8, 9.Работнички 7, 10.Борец 5

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top