Top Sport

Фетел „не ги разбрал“ тимските наредби од Ферари

Себастијан Фетел вели дека не бил сигурен што се случило со тимските наредби на Ферари по фијаското на Руското ГП во Сочи.

Фетел успеа да ја искористи својата позиција и да ги помине колегата Шарл Леклер и Луис Хамилтон и да излезе на првото место на Руското ГП, по што тимот му нареди на Фетел да му врати позиција на Леклер, но Германецот го одби ова.

Леклер прв влезе во боксот и успеа да излезе пред Фетел, но Германецот веднаш застана со проблем со МГУ-К уредот на неговиот болид. По ова следуваше виртуелно безбедносно возило, кое дозволи Мерцедес да ги повика во боксот Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои останаа пред Леклер за 1-2 победа.

Фетел вели дека имал јасна тактика со Леклер пред трката и не сфаќа како таа се „распаднала“.

„Не знам што точно се случи. Мислев дека имаме договор, зборував посебно со Шарл пред трката, и мислам дека бев јасен. Сигурен сум дека ќе разговараме, но денеска останува горчливиот вкус во устата. Не сакам да споделам што беше договорот, бидејќи не сакам да го постасвам тимот во лоша позиција. Шарл беше прв, јас трет на стартот и тактиката беше да го поминеме Луис Хамилтон“, вели Фетел.

Хамилтон ја „грабна“ победата во Сочи по самоуништувањето на Ферари

Scroll to Top