Вардар со 2:0 ја совлада Ренова за да се одвои на 5 поени пред Академија Пандев во Првата лига по 13 кола, додека Шкендија со убедливата 4:0 победа над Борец скокна на третото место во „густата“ средина на табелата.
Даниел Аврамовски донесе водство за „црвено-црните“ по 20. минути игра, а Јован Попзлатанов во 89. минута ја потврди победата за Вардар да стигне до својот 30-ти поен, пет повеќе од Академија Пандев, кои вчера одиграа само нерешено со фенерџијата Работнички.
Арменд Алими постигна хет-трик за Шкендија да стигне до рутинска 4:0 победа над Борец, со која се искачија на третото место на табелата со 18 поени, колку што имаат и Шкупи (кои одиграа само 0:0 со Струга) и Силекс (кои ги победија Македонија Ѓорче Петров на гости со 1:0), додека Македонија сега е шеста со 17 поени.
ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО
Македонија Ѓорче Петров – Силекс 0:1
Шкендија – Борец 4:0
Шкупи – Струга 0:0
Вардар – Ренова 2:0
ТАБЕЛА: 1.Вардар 30, 2.Академија Пандев 25, 3.Шкендија 18, 4.Шкупи 18, 5.Силекс 18, 6.Македонија ЃП 17, 7.Струга 15, 8.Ренова 14, 9.Борец 14, 10.Работнички 11
Фото: ФК Вардар