Top Sport

Кличко до Џошуа: Браво, шампиону

Ентони Џошуа импресионираше многумина, не толку со своите квалитети во рингот, туку со своето однесување, и еден негов поранешен противник е импресиониран.

Џошуа во саботата стигна до својот 20-ти триумф со нокаут, откако судијата реши да го прекине мечот со францускиот предзивикувач Карлос Такам, нешто што налути дел од фановите, кои сметаа дека мечот треба да продолжи.

Еден човек кој не се согласува со ова е Владимир Кличко, кого Џошуа го победи во последниот меч во април со спектакуларен нокаут. Украинецот, кој заедно со својот постар брат Виталиј доминираа деценија и пол во тешката категорија, веќе е во пензија, но останува во контакт со боксерските случувања.

„Честитки, шампиону. Продолжи да удираш“, напиша 41-годишниот Кличко на Твитер.

Scroll to Top