Нголо Канте (32) го комплетираше трансферот во Саудиска Арабија. Поранешниот француски репрезентативец потпиша договор со Ал-Итихад. Канте како слободен играч се пресели во клубот, во кој пред неколку дена пристигна Карим Бензема.
Канте во кариерата играше за Суренес, Булоњ, Каен и Лестер, а во Челзи пристигна пред седум години откако сензационално ја освои шампионската титула со Лестер. Според „Трансфермаркт“, тој вреди 20 милиони, а оваа сезона за Челзи одигра 685 минути на девет натпревари. Некогаш беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, но последната сезона му ја уништија повредите.
Канте годишно ќе заработува 100 милиони евра.