Top Sport

По бројните критики, Ливерпул се откажа од владината помош

Ливерпул официјално потврдија дека ќе ги плаќаат своите вработени 100 отсто и дека се откажуваат од владината програма со која тие ќе добиваа 80 отсто помош од државата по големиот број на критики од страна на поранешните фудбалери.

Лидерите во Премиер лигата беа остро критикувани за одлуката да ја искористат оваа можност на британската влада и покрај профитот од над 40 милиони фунти во 2019, а реагираше дури и нивната навивачка група „Спирит оф Шенкли“ која побара да се објасни оваа одлука.

Сега, извршниот директор на клубот, Питер Мур објасни дека таа одлука е сменета.

„По консултацијата со нашите акционери ги разгледавме опциите за најдобар исход за сите вклучени. Беше размислувано за повеќе сценарија, вклучувајќи го и влегувањето во шемата на владата со плаќање на 80 отсто од платата, но и поинакво финансирање на платите. Како резултат на оваа консултација, решивме да најдеме алтернативно решение за плаќање на нашите вработени. Сметаме дека минатата недела дојдовме до погрешен заклучок и се извинуваме за тоа. Нашата цел останува да се осигура безбедноста на сите вработени во клубот“, вели Мур во официјално соопштение на веб-сајтот на клубот.

Scroll to Top