Top Sport

Замина уште една легенда – почина Радомир Антиќ

Радомир Антиќ, српскиот тренер кој останува единствениот кој ги водел трите шпански гиганти, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона починал денеска на 72 години.

Легендарниот тренер живееше во Шпанија, а први веста за неговата смрт ја објавија Атлетико Мадрид, клуб со кој ја освои титулата во Шпанија.

„Семејството на Атлетико Мадрид жали по смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Тој секогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, напишаа од Атлетико.

Антиќ како фудбалер играше во Партизан, Фенербахче и Сарагоса, а во својата богата тренерска кариера работеше и со Сарагоса, Овиедо, Селта, српската репрезентација и кинеските Шандонг Луненг и Хебеи Чајна Фортјун. Тој беше болен подолго време и последните денови од животот ги помина во болница.

Scroll to Top