Шефилд јунајтед потврди дека нивниот менаџер Крис Вајлдер потпишал нов четирииполгодишен договор до крајот на сезоната 2023/24 со опција за уште една сезона по одличните резултати оваа година.
Вајлдер беше именуван за тренер на својот клуб од детството во 2016 година, по што ги предводеше од третата лига до Премиер лигата за три сезони, кулминирајќи со враќање во елитата по 12 години.
И покрај скромниот буџет, Шефилд јунајтед има одличен старт на сезоната и во моментов се на 8. место на табелата со 29 поени во 21 меч.
„Крис беше клучен човек во успехот во последните сезони и сакаме тој да остане на чело на клубот. Се работи за динамичен лидер, навивачите го сакаат и за нас беше поважно во јануари да го обезбедиме неговиот потпис отколку да мислиме на засилувања“, изјави сопственикот на клубот, принцот Абдула бин Мосад бин Ал Сауд.
Chris Wilder – 2024 ✍️ pic.twitter.com/OqdDLum3S1
— Sheffield United (@SheffieldUnited) January 10, 2020