Откако на обложувалниците Италија и Англија се сметаат за први фаворити за титулата на ЕУРО 2020, почнаа „препукувањата“ меѓу двете фудбалски велесили, а неочекувано во центарот на контроверзите се најде Чиро Имобиле и неговото, искрено, смешно симулирање при петочната победа над Белгија.
Репрезентацијата на Роберто Манчини, невообичаено концентрирана на напаѓачки фудбал, ги отфрли стереотипите на катеначо-фудбал и ментални игри. Сепак, англиските коментатори се „закачија“ на симулирањето на напаѓачот на Лацио, Имобиле, кој пред голот на Николо Барела бараше пенал валкајќи се на теренот, а откако падна голот, веднаш стана да прослави. Алан Ширер посебно беше лут.
„Не можам ниту да се смеам на ова. Ова е патетично. Мислам дека судијата мора да реагира“, изјави Ширер.
Додека шпанскиот „АС“ на насловната имаше: „Оваа Италија е фудбалски радост“, додека францускиот „Л’Екип“ посочи „Италијанска лекција“, британските медиуми со голем цинизам гледаат на моќта на „аѕурите“.
Новинарот на „Ла република“, Маурицио Кросети даде интересен одговор посочувајќи на славната изјава на Гери Линекер.
„Тој што нема грев треба да го фрли првиот камен. Фудбалот е спорт со 22 мажи кои бркаат топка 90 минути и на крајот, Англичаните секогаш се огорчени, бидејќи не освоиле ништо од 1966 година“, напиша Кросети.
Ќе биде интересна потенцијалната финална пресметка…
Watch the hilarious moment Italian striker, Ciro Immobile, miraculously recovered from an injury after his teammate scored against Belgium.#talkwithaa Ojota Nigeria Igboho Lagos Tinubu pic.twitter.com/UTPZqqocVX
— Vlog/Blog (@talkwithaa) July 3, 2021