Леандро Паредес се врати во ПСЖ, откако сезоната ја мина на позајмица во Јувентус, но нема долго да се задржи во Париз. Аргентинецот бара нов клуб откако новиот тренер Луис Енрике објави дека Паредес не му е потребен во тимот.
Паредес го поврзуваа со Лацио и Атлетико Мадрид, но како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи кај сонародникот Мауро Икарди во Галатасарај. Неколку медиуми објавија дека клубовте ги започнале преговорите. Кога ќе се договорат околу обесштетувањето, Паредес со Галатасарај ќе потпише договор до 2027 година.
Паредес, минатата сезона во Јувентус одигра 25 натпревари и постигна еден гол.
Сениорската кариера ја започна во Бока јуниорс, а играше и во Киево, Рома, Емполи и Зенит.
Со аргентинската репрезентација ја освои титулата на Светското првенство во Катар.