МЛС клубот Атланта јунајтед потврди дека холандскиот стручњак Франк де Бур ќе биде нивни нов тренер, каде што ќе се обиде да си ја врати загубената репутација по „катастрофалните“ сезони со Интер и Кристал палас.
Де Бур во шест сезони со Ајакс од 2010 до 2016 година освои четири холандски шампионати, по што дојде во Интер, каде што издржа само 85 дена пред да биде отпуштен со клубот на 12. место во Серија А. По ова, во 2017 тој беше именуван за тренер на премиерлигашот Кристал палас, каде што му одеше уште поужасно – имаше низа од четири порази без постигнат гол на стартот на сезоната (рекорд во Англија) по што доби отказ по само 10 недели на чело на лондонскиот клуб.
Во Атланта јунајтед, тој го менува Херардо „Тата“ Мартино, со кого клубот ја освои титулата од МЛС купот.
„Атланта има долгорочна амбиција да биде најдобриот клуб во лигата и тоа е мојата амбиција. Верувам дека ќе имаме добри резултати“, вели Де Бур.
Фото: ЕПА
New chapter. Same mission.#ATLUTD name @FdeBoerOfficial as 2nd head coach in club history
? https://t.co/H2VX85UytQ pic.twitter.com/AT7rLstHHf
— Atlanta United FC (@ATLUTD) December 23, 2018