Џејмс Милнер потпиша нов тригодишен договор со Ливерпул, со кој ќе остане на „Енфилд“ до 2022 година, истиот ден кога и тренерот Јирген Клоп ја продолжи верноста со клубот.
Фудбалерот од средниот ред дојде во Ливерпул од Манчестер сити во 2015 година како слободен играч, и неговиот сегашен договор завршуваше на крајот на сезоната, но сега тој сигурно останува барем уште две години.
33-годишниот ветеран има 198 меча за „црвените“ и оваа сезона има клучна улога во тимот кој направи неверојатна предност на табелата. Тој има 25 гола за клубот и покрај тоа што под Клоп почесто игра како дефанзивец отколку како играч од средниот ред. Милнер освои две титули од Премиер лигата со Сити во 2012 и 2014, а имаше и 61 настап за Англија пред да се повлече од репрезентацијата во 2016.
„Имав среќа и привилегија да играм за овој клуб веќе четири и пол години и фантастично е да се види растот на тимот. Уживам на тренинг секој ден, со овие соиграчи, со овој менаџер и со овој тим. Сакав да останам што е можно подолго“, вели Милнер.
This Friday just keeps getting better! ??@JamesMilner has signed a new contract extension! ? pic.twitter.com/SIKtuPg4N5
— Liverpool FC (@LFC) December 13, 2019