Top Sport

По крајот на „сапунската опера“, Манџукиќ потпиша за Ал-Духаил

Иако италијанските медиуми тврдеа дека договорот пропаднал поради парите, поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ стави потпис на договорот со катарскиот Ал-Духаил завршувајќи ја трансфер-сагата која трае речиси цела година.

Јувентус ќе добие 5.5 милиони евра отштета за Манџукиќ, додека Хрватот за само година и пол ќе искешира фантастични 10.5 милиони евра. Шпекулациите велеа дека Манчестер јунајтед е опција за напаѓачот, но Оле Гунар Солскјер реши да се фокусира на помлади фудбалери и ветеранот на крајот ја избра најпродуктивната опција.

Ова ќе биде осми клуб во кариерата на Манџукиќ по Марсонија, Загреб, Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Јувентус, каде што е од 2014 година. Со доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на Јувентус стана јасно дека нема место за него, исклучувајќи го од тимот за Лигата на шампиони.

Scroll to Top