По осум месеци пауза, 2.000 фанови на „топчиите“ имаа среќа да го гледаат својот омилен клуб како игра во меч од Лига Европа против Рапид Виена, откако беа доделани 2.000 билети за мечот, кои беа дадени на тие кои беа најбрзи во саботата.
Ова доаѓа по крајот на „локдаунот“ во Велика Британија во средата, и Арсенал се првите кои го искористија тоа. Сите навивачи кои пристигнаа на храмот на фудбалот во северен Лондон беа пречекани со аплаузи од стјуардите на мечот.
Фудбалерите пак, се потрудија да им го направат искуството пријатно, откако во првото полувреме постигнаа три гола преку Лаказет, Мари и Нкетија, од кој посебно се истакна фантастичниот гол на Лаказет во 10-тата минута.ж
Arsenal stewards applauding every single fan coming through the turnstiles. #AFC pic.twitter.com/5Z0XfVlug3
— Sam Blitz (@SamBIitz) December 3, 2020
What a goal from Alexandre Lacazette. pic.twitter.com/J863JDfJGc
— Gooner_Eurychus⚽✪™ (@Gooner_Eurychus) December 3, 2020