По Дарко Панчев, уште еден поранешен македонски фудбалер (и тренер) на Црвена звезда, Бошко Ѓуровски го поддржа Драган Џаиќ во трката за избор на претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС). Од ФСС денеска потврдија дека Џаиќ и поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ ги исплнуваат условите и се единствени кандидати за претседателската позиција.
„Давам целосна поддршка на Драган Џаиќ поради принципот 20-20-20. Тоа значи дека по 20 години играчка кариера, врвните фудбалери остануваат во фудбалот од својата 40-та до 60-та година, за прво да го пренесат своето знаење на другите во улога на тренер, спортски директор или селектор. Од 60-тата до 80-тата година логично е да се заврши на раководно место каде што доаѓа до израз целото искуство со реешаваето на проблеми. Во исто време, сакам Немања Видиќ, кој е сериозна личност, своето знаење прво да го пренесе на теренот, а потоа со управување од фотелја“, вели Ѓуровски.